Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ Софија

Сподели со своите пријатели

На 19 декември (вторник) 2023 од 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ од македонскиот писател Сашо Огненовски.

Романот е издание „Изида“ и ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од самиот автор Сашо Огненовски.

Што се случува кога театар раководен од фатени за гуши медиокритети ќе тргне на светска турнеја? Ова прашање се поставува во романот „Турнеја“, кој е безмилосна сатира за проблемите во театарската институција. Уметноста е уништувана малку по малку од желните за власт псевдоинтелектуалци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ја пречека Белгија во Куманово

Брилијантно конструираните ликови на Сашо Огненовски ги доживуваат своите лични трагедии на фонот на непрестаен распад, придружен со многу хумор и иронија. А загатката за тоа кој е мистериозниот Азазел (или Арлекин или Бегемот) којшто потпишува смртни пресуди зад сцената го држи читателот на нокти до последната страница. Кој ќе преживее последен? Тоа е прашањето.

Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Дипломирал на Факултетот за театарска уметност во Скопје 1987 година. Магистер по PR и медиуми. Работел како наставник на Педагошкиот факултет во Битола. Има над 100 улоги во Народниот театар во Битола. Автор е на над 10 книги поезија, проза, драми и истражувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Муцунски разговараше со министерот за надворешни работи на Израел