Времето денеска ќе биде претежно променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните делови е има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во западните делови слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Куманово претежно облачно со минимални услови за краткотраен и многу слаб дожд во попладневните часови. Температура во текот на денот ќе достигне до 16-от степен, а во текот на ноќта истата ќе се спушти до 3 степени целзиусови.
Според синоптичарите следува период на стабилно, суво и топло време. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни, а дневните на повеќе места ќе надминуваат 20 степени.