Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Сподели со своите пријатели

Времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно, но студено време. Утринската температура ќе изнесува -1 степен, а максималната дневна ќе достигне до 4 степени целзиусови.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

Leave a Reply