Проколната кукла крие страшна семејна трагедија: Децата се буделе со модринки и болка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Перуанско семејство тврди дека седум години биле тероризирани од кукла. Семејството Нуњез тврди дека било сведок на различни паранормални активности на русокосата кукла по име Сарита. Ивон Нунез, мајка на три деца, вели дека ја добиле куклата како подарок од внука која оттогаш починала. Семејството тврди дека чудни работи почнале да се случуваат откако внуката починала.

Loading...

– Едноставно не можевме да се присилиме да се ослободиме од куклата бидејќи таа ни е единствениот спомен од нашата покојна внука – вели Ивон.

Кукла, кога ќе се притисне копчето,таа ја пее Оче наш. Семејството тврди дека куклата по смртта на девојчето почнала сама да се моли, без никој да притисне копчето. Тврдат и дека неколку пати пред спиење ја оставале во еден агол од куќата, но наутро ја наоѓале на маса, кауч или на некое друго место. Тврдат и дека децата наутро се будат со модринки и гребаници кои, убедени, им ги нанела „опседната“ кукла. Енџи Нунез тврди дека неколку пати слушнала чудни звуци, почувствувала необично присуство во својата соба и видела сенки во темнината.

Секоја вечер ми се чини дека нешто ме гледа од аголот“, тврди Енџи. Таа вели дека таа и нејзините тројца браќа сакаат да се ослободат од куклата, но нивната мајка не сака. Мајката, пак, решила да покани жена да разговара со ангелите. Таа им кажала дека чувствува присуство во куќата, а се верува дека се работи за внука која починала во една од собите. Дали жената успеала да ги одврати духовите не е познато, пишува OddityCentral.