Проклетството на гробот на Тутанкамон: Мит или вистина?

Сподели со своите пријатели

Долго време се веруваше дека постои проклетство со кое фараонот Тутанкамон ги проколнал сите оние кои му го нарушуваат вечниот сон.

Loading...

Колку вистина има? Дали фараонот навистина ги казнил со смрт оние кои влегле во неговиот гроб?

Каква сензација беше тоа! Во 1922 година, тим археолози предводени од египтологот Хауард Картер откриле скали што водат до запечатена гробница во „Долината на кралевите“ во Египет.

Мумијата на Тутанкамон се наоѓала во речиси неоштетеното последно почивалиште.

До денес, тоа е едно од најважните археолошки откритија на сите времиња.

Светската јавност беше вчудоневидена, а за тоа интензивно известуваа медиумите.

Кога набргу потоа умре финансиерот и носител на лиценцата за копање во Египет, Лорд Карнарвон, легендата дека гробницата била опседната брзо почнала да се шири.

Лорд го нарушил вечниот сон и фараонот го казнил – така било кажано.

Следувале уште неколку смртни случаи, што само ја подгреало хистеријата за можното проклетство.

Loading...

„Отсекогаш се мислеше дека древните Египќани имале тајно знаење кое било далеку понапред од она што го знаеме, се сметало дека е нешто како магија“, вели историчарот Ролф-Бернхард Есиг.

Приказната за проклетството добро се вклопува во целосната ситуација што преовладуваше на врвот на Египтоманија, особено затоа што во 19 век, најразновидните хорор приказни за мумиите што шетаат биле прикажани во театрите и читани во романи.

 

 

Измислица на медиумите

„Печатот беше насочен кон пониските инстинкти на своите читатели. Беше измислен без никакви проблеми, и помина многу добро. Тоа беше вистинска експлозија, може да се каже така. Проклетството на фараонот е еден од најпознатите феномени на светот, иако е 100% фикција“.

Таа приказна за проклетството е популарна и денес, во романи, книги за деца, филмови…

Проклетството на фараонот се користи и на хумористичен начин, на пример кога туристите кои го посетуваат Египет се разболуваат од типични болести како стомачен вирус.

Loading...

И токму затоа Есиг реши да ја отвори изложбата „Од проклетството на фараонот до говорот на омраза“ во берлинскиот музеј за комуникација.

Темата е проколнување, но и пцовки кои се користат и денес.

Пцуењето и клетвите се веројатно стари колку и самиот јазик, тоа е дел од нешто што се нарекува типично човечко однесување.

Во исто време, на жестоките или груби зборови им се дава одредено магично значење.

„И во египетскиот јазик, се разбира, имало пцовки, но немало клетви против ограбувачите на гробници, немало клетви“, вели Есиг.

Египтолозите не нашле ништо за тоа, додава тој.

 

Loading...

 

Египетски клетви и пцовки

Како се пцуеле Египќаните?

За жал, нема сведоштва за ова.

Високообразованите книжници секако не ги врежале во камен секојдневните клетви на работниците кои биле вработени на изградбата на пирамидите. Но, затоа има докази за кралските клетви на нивните непријатели.

На изложбата може да се видат и пар модерни апостолки кои се направени по моделот на кожените сандали од гробот на Тутанкамон, на кои има слики од врзани непријатели така што буквално се „газат“ со секој чекор.

Ривалите требало да бидат проколнати на тој магичен начин.

Во секојдневниот говор, разликата помеѓу пцуењето и келтвите тешко се забележува. Клетвите, исто како и кралските сандали, се поврзани со проколнување на другите.

Loading...

Пцовките често се поврзуваат со нешто, личност или институција која е навредувана. И двете можат да бидат насочени против нас самите.

Станува збор за табуа…

Исто така, постојат сличности меѓу различни култури.

„Секогаш се работи за табуа. А меѓу табуата што постојат кај различните народи или култури, има и телесни секрети како и сексуални елементи. На пример, „срање“ е израз што постои на многу јазици“, вели Есиг.

Постојат, додава тој, култури во кои проколнувањето на роднините е доста вообичаено, на пример на арапски или руски.

На многу јазици, популарни се животните, чии карактеристики потоа се рефлектираат во пцовки.

Loading...

Посетителите на изложбата во Берлин на тој начин можеле да научат дека зборот „магаре“ во Турција, во зависност од контекстот, може да биде етикета за груб мангуп, будала или копиле. Синоним за наводен идиот на руски е „коза“.

Во Јапонија се користат егзотични животни – лутите и смешни мажи таму ги нарекуваат „горили“. А кога некој Кинез сака да каже некому дека го презира неговото потекло, го спомнува „јајцето од желка“…

Како функционира мозокот?

Особено е интересно како функционира мозокот при пцуењето. Во него, имено, се активираат некои други области, а не оние што се користат во „обработката“ на јазикот.

Јазикот рационално се „обработува“ во левата хемисфера, додека пцуењето ја активира десната хемисфера која е задолжена за емоциите.

„Не можеме да го потиснеме, бидејќи тоа е неволна работа. Мозокот прави нешто таму, а ние не можеме да го промениме“.

Loading...

На пример, кога некој ненамерно ќе го удри прстот со чекан, а потоа веднаш по ударот ќе извика „Срање!“ Се разбира, додава Есиг, има и луѓе кои воопшто не пцујат или пцујат многу малку.

Тоа се оние кои имаат висока доза на самоконтрола.

А тоа недостасува во денешното дигитално доба, особено на социјалните мрежи, каде што корисниците меѓусебно се навредуваат или пцујат.

Дали говорот на омраза е нова димензија на навреда?

„Во суштина, би рекол: очигледно не“, вели Ролф-Бернхард Есиг.

„Кога ќе ги погледнете навредите од 16 век, на пример, особено кога станува збор за навреда на роднини – навистина е одвратно она што било таму“.

Најголемата разлика во споредба со претходните времиња е тоа што денес на интернет лесно, брзо и ширум светот се шират вулгарности.

Loading...

„Таа брзина и тој ефект е навистина неверојатен. Во крајна линија е прашање на техника“, вели Есиг, „но што се однесува до самиот интензитет, не можам да кажам дека нешто се променило“.