Производството во Русија порасна со најбрзо темпо во повеќе од седум години

Сподели со своите пријатели

Производствениот сектор во Русија во февруари порасна со најбрзо темпо од јануари 2017 година, бидејќи, според Markit Economics, индексот на менаџери за набавка (PMI) во производството во таа земја се зголеми од 52,4 на 54,7 поени.

Loading...

PMI во производството е параметар кој се користи како показател за економската активност во производството.

Оценката под 50 поени покажува дека производството е во состојба на контракција, односно опаѓање на активноста, додека оценката над 50 поени до експанзија, односно раст на производната активност.

Како што е наведено на веб-страницата на компанијата „S&P global“, главен фактор на раст во февруари беше зголемувањето на бројот на нови нарачки, бидејќи темпото на нивниот раст беше најбрзо од март 2011 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Зголемувањето на продажбата е поврзано со поголемата побарувачка на клиентите и воведувањето нови производи, а забележан е и раст на вработеноста, пренесува Танјуг.

Руските компании се уште се многу оптимисти кога станува збор за зголемување на производството во следните 12 месеци и планираат значителни инвестиции, се наведува во соопштението.