Производните цени во Германија во септември паднаа за 14,7 отсто

Сподели со своите пријатели

Производните цени на комерцијалните производи во Германија паднаа за 14,7 отсто во септември во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

Loading...

Како што е наведено на веб-страницата на таа организација со седиште во Визбаден, ова е најголем пад на цените на производителите од година во година од почетокот на истражувањето во 1949 година.

Цените на енергијата се намалени на годишно ниво за 35,3 отсто, а особено на електричната енергија за 46,2 отсто.

На годишно ниво, цените на суровините паднаа за 4,2 отсто, а продажните цени на храната се зголемија за 5,5 отсто, особено на шеќерот за 84,7 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Млада инфлуенсерка убиена во салон за време на пренос во живо на ТикТок

Резултатот е последица на високиот базен ефект од септември минатата година, кога поради војната во Украина цените пораснаа за 45,8 отсто во однос на септември 2021 година, пренесува Танјуг.

На месечно ниво, продажните цени на производителите во септември паднаа за 0,2 отсто во однос на август.