Во текот на ноќта израелската армија продолжи со операциите внатре во Појасот Газа, со цел ликвидација на водечките членови на Хамас и уништување на инфраструктурата на палестинските милитанти, пишува The Times of Israel.
Врз основа на военото разузнавање, израелски воен авион го уби Мохсен Абу Зина, шеф на одделот за оружје и индустрија на Хамас, во неговиот производствен погон, се вели во заедничката изјава на војската и израелската безбедносна агенција, позната како Шин Бет.
Како што е соопштено, Мохсен Абу Зина бил еден од водечките производители на оружје на Хамас и експерт за развој на стратешко оружје и ракети што ги користеле членовите на ова движење.
Во текот на ноќта армијата идентификуваше и „терористичка ќелија која планираше да истрела противтенковски проектили врз израелските сили“.
Војниците го наведоа авионот кој ја погоди ќелијата и уби неколку терористи, се прецизира во соопштението, пренесува Танјуг.