Компанијата за клиничаи дијагностика Novacyt пушти на пазарот тест кој го разликува ковид-19 од грипот.
Компанијата објави дека тестот „Винтерплекс“ препознава два гени специфични за ковид-19, како и гени кои детектираат грип од типот А и Б и респираторниот синситички вирус РСВ.
„Веруваме дека Винтерплекс е првиот одобрен тест што го разликува ковид-19 од вообичаени респираторни заболувања“, рече директорот на Novacyt, Греам Мулис.
Новиот тест за реакција на синџирот на полимераза (PSR) е еден од многуте производи од типит на PCR, кој веќе е на пазарот и дијагностицира присуство на ковид-19.
ПЦР е главниот метод на тестирање во многу земји. Тој ја открива болеста со множење на генетскиот материјал до моментот кога научниците можат да го детектираат.