Прогноза за Куманово: Што носи продолжениот празничен викенд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со замаглување.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец прегазил полицаец и избегал, тие пукале во воздух, кога го фатиле ги нападнал

Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени во негатива, додека дневниот максимум ќе се искачи само до 6 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме сончево време со слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -6 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 5 степени целзиусови.

 

 

Во понеделник на Богојавление, Водици, ќе имаме сончево и ведро небо, но со длабок утрински минус.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални -7 до максимални 4 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на претстојната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово објави јавен повик за користење на народна кујна во 2026 година

Никола Ивановски