Пензионираниот американски генерал Џек Кин го предупреди рускиот претседател Владимир Путин нема да направи ништо за да ја задржи власта, бидејќи е свесен дека ниту еден евентуален наследник нема да му го поштеди животот.
Поранешниот генерал наведува дека многу соработници на Путин се крајно незадоволни од катастрофата предизвикана од нападот на Украина и дека е извесно дека може да се случи државен удар, токму сега, во време кога се повеќе се шушка за лошата здравствена состојба и болеста на претседателот на Русија.
Британија: Русите распоредуваат дополнителни сили во источна Украина
„Рускиот диктатор е очаен, сака да ја задржи власта од страв дека некој од претендентите на негово место може да го убие. Во политичката атмосфера што ја создаде, во која нема институции или закони кои ќе го заштитат, паѓањето од тронот значи дека Путин е во сериозна опасност од војската и разузнавачките служби кои му се лути поради дебаклот во Украина“, рече Кин, за Дејли Меил.
Затоа, генералот смета дека Путин и покрај лошата здравствена состојба ќе направи се за да остане на престолот, свесен дека каснал тврд орев со нападот на Украина.
Британија: Русите распоредуваат дополнителни сили во источна Украина
Тој додава дека примарна цел на Путин е да ја обнови руската империја и да умре на позицијата претседател, а не во пензија.
Освен улогата на рускиот претседател, тој нема иднина“, рече генералот.
„Дејли мејл“ посочува и дека Путин бил љубезен кон својот претходник Борис Елцин и одбил да го гони за корупција, за која беше обвинет заедно со неговата ќерка за време на неговиот мандат.
Британија: Русите распоредуваат дополнителни сили во источна Украина
Меѓутоа, Путин сега не е сигурен дека тој што ќе го наследи ќе го стори истото.