Прогласени учениците на генерацијата за 2017 година (галерија)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 21 основец и шестмина средношколци денеска беа прогласени за ученици на генерацијата од вкупно 27 училишта од Општина Куманово и Старо Нагоричане со што успешно беше заокружена учебната 2016/2017 година.

 

 

Настанот традиционално и годинава е во организација на Секторот за образование при Општина Куманово и Здружението на просветни работници, а во пресрет на 24ти мај Денот на сесловенските просветители.

Тие за својот континуиран успех во учењето секако дека имаат голема благодарност за сопствените заложби кон самите себе, а потоа кон наставниците и нивните родители, затоа ние денеска во пресрет на големиот празник 24ти мај, не само што се потсетуваме за делото на сесловенските просветители Кирил и Методиј, туку едноставно правиме и осврт на нашите заложби како просветни работници до каде сме на патот за своето просветителство на нашата мисија и што понатаму и на кој начин ќе создаваме генерации кои успешно ќе се носат со животот – изјави Лидија Николовска Георгиевска од Здружението на просветни работници.

 

Меѓу 27те ученици на генерацијата е и Андријана Ѓорѓевска од СОУ „Перо Наков“, која своето образование ќе го насочи кон книжевноста.

Сите мислат дека овој настан беше за ученик на генерација, но всушност немаше да бидам ученик на генерација ако ја немаше поддршката од нив. Голема благодарност на сите што ми помогнаа да застанам тука денеска, да ја примам наградата за ученик на генерација и претспоставувам дека тука не е крајот, затоа што кога ќе се искочиш на некој висок рид сфаќаѓ дека постојат уште многу други високи ридови за искачување, патувањето никогаш не завршува – изјави Ѓорѓевска.

 

На подарок од Општината, најдобрите ученици добија книги и дипломи кои треба да бидат поттик за нивното понатамошно образование.

Најдобри ученици од основните училишта се:

  • ООУ „Христијан Карпош“ –  Филип Насковски

  • ООУ „Браќа Рибар“ с. Табановце – Сара Петрушевска

  • ООУ „Кочо Рацин“ – Сара Конин

  • ООУ „Магдалена Антова“ – Давид Станковски

  • ООУ  „Карпош“ с. Умин Дол – Александар Радевски

  • ООУ „Бајрам Шабани“ – Иљза Селими

  • ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце – Мартина Јакимовска

  • ООУ „Јероним Дерада“ с. Черкезе – Амире Арифи

  • ООУ „Наим Фрашери“ – Семинамера Ајдари

  • ООУ „Толи Зордумис“ – Евица Милошевска

  • ООУ „Светозар Марковиќ“ Старо Нагоричане – Николиќ Фроси

  • ООУ „Браќа Миладиновци“ – Андреј Величковски

  • ООУ „Кирил и Методија“ с. Романовце Бесијана Рамадани

  • ООУ „Кирил и Методија“ с. Романовце – Николина Николовска

  • ООУ „Христијан Карпош“ Младо Нагоричане – Анастасија Пешевска

  • ООУ „Крсте Мисирков“ Деспина Стефановска

  • ООУ „Битолски Конгрес“ с. Лопате Елмира Муареми

  • ООУ „Битолски Конгрес“ с. Лопате – Дарко Младеновски

  • ООУ  „Вук Караџиќ“ – Мила Ѓорѓевска

  • ООУ „Кристијан Тодоровски Карпоп“ с. Драгоманце Мери Крстевска

  • ООУ „11 Октомври“ –  Анастасија Илиевска

Од средните училишта:

  • СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Теа Стоилковска

  • ОСТУ „Наце Буѓони“ – Јована Јовановска

  • ОСТУ „Наце Буѓони“ – Сара Османи

  • СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ – Албан Исмаили

  • СОУ „Киро Бурназ“ Дарко Георгиевски

  • СОУ „Перо Наков“ – Андријана Ѓорѓевска

  • СОУ „Перо Наков“ – Еран Али