Прогласена воена состојба во цела Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба за целата земја откако Русија започна напад врз Украина.

Loading...

Во обраќањето објавено на Фејсбук, Зеленски рече дека Русија напаѓа воена инфраструктура и гранични единици.

Министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека станува збор за голема руска инвазија на Украина.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека непријателот започнал интензивно гранатирање на украинските единици на исток, како и воени контролни центри и аеродроми.

Ројтерс јавува, повикувајќи се на сведоци, дека во главниот град на Украина, Киев, се слушнале сирени и дека се слушнале две големи експлозии во близина на Мариупол на истокот на земјата.

Сепаратистите поддржани од Русија во Доњецк, Украина, за руската новинска агенција Интерфакс изјавија дека извршиле големи напади врз украинските сили долж линијата на контакт.

Русија привремено ги прекина летовите на бројни аеродроми до 2 март, јавува Ројтерс.

 

Loading...