Неименуван професор во државно средно училиште во Њу Џерси е суспендиран откако гледал девојки во долна облека на Инстаграм за време на часовите.
Професорот гледал несоодветна содржина за време на часот, но очигледно заборавил дека неговиот лаптоп е поврзан со проекторот.
Кога учениците виделе што гледа, го снимиле и го објавиле на социјалните мрежи.
– Материјалот очигледно не е поврзан со неговата лекција или наставна програма. Наставникот дејствувал целосно надвор од опсегот на неговите професионални одговорности кога пристапил до таа содржина, рече началникот Шон Адамс во писмото до заедницата во вторникот.
Адамс рече дека професорот е ставен на административно отсуство во очекување на истрага.
„Жал ми е што учениците беа изложени на несоодветен материјал во училницата“, вели Адамс во писмото, додавајќи дека на учениците ќе им биде понудено советување доколку почувствуваат дека биле погодени од инцидентот.
@trestayballin Thats crazy😭😭#foryoupage #trending #foryou #fakebodyy⚠️ “FAKE BODY”#viral ♬ original sound – Trestaywearinghats