Професор од Харвард тврди дека вонземјаните нѐ посетиле во 2017 година

Сподели со своите пријатели

Професор од Харвард верува дека вонземски објект нѐ посетил во 2017 година

Loading...

Во својата нова книга „Вонземјани: Првиот знак на интелигентен живот надвор од земјата“, теоретскиот физичар Ави Лоеб ја претставува својата теорија за необичен облик на објект што влегол во нашиот Сончев систем пред неколку години.

Меѓуsвезден објект наречен „Оумуамуа“ за првпат бил забележан со телескопот Пан-СТАРРС на опсерваторијата Халеакала Хаваи во 2017 година.

Истражувачите утврдиле дека тој поминал преку еклиптичката рамнина на 6 септември од правецот на Вега, sвезда во соѕвездието Лира. Од нашата планета е оддалечено околу 25 светлосни години.

 

 

 

Loading...

Само три дена подоцна, Оумуамуа (хавајски: извидник) започнал да забрзува кон Сонцето, пред конечно да се приближи на Земјата на 7 октомври, „движејќи се брзо кон со coѕвездието Пегаз“, тврди Лоеб.

Некои научници тврдат дека Оумуамуа, за кој се верува дека е првиот меѓуѕвезден објект откриен во нашиот Сончев систем, била само уште една комета.

Сепак, Лоеб, претседател на Одделот за астрономија на Универзитетот Харвард, ја отфрла оваа претпоставка затоа што премногу се потпира на „познатото“.

– Што би се случило кога еден пештерски човек би видел мобилен телефон? – праша Лоб во интервју за „Њујорк пост“.

 

 

 

Loading...

– Цел живот гледал во камењата и ќе помислел дека тоа е само еден камен што сјае, вели професорот.

Лоеб тврди дека постојат два големи детали кои сугерираат дека Оумуамуа не бил само комета, туку и дел од вонземската технологија.

Првиот детал е димензиите на објектот, бидејќи е утврдено дека тој е „пет до десет пати подолг отколку што бил широк“.

Лоеб тврди дека обликот сличен на пура не е типичен за природен вселенски објект.

 

 

 

Loading...

Но, теоретскиот физичар вели дека најголемиот детал што ја поддржува неговата теорија е движењето на Оумуамуа.

„Забрзаното растојание од Сонцето беше тоа што на камилата и го скрши грбот“, вели Лоеб, објаснувајќи дека гравитационата сила на Сонцето ќе предизвикала природниот предмет да се движи побрзо кога ќе се приближел, а на крајот објектот ќе се турка назад, предизвикувајќи тој да се движи побавно како што се одалечувал.

Лоеб истакнува дека тоа не се случило со Оумуаму, кој забрзал постепено, а потоа побрзо и побрзо, но во крајно статистички значајна мерка како што се оддалечувал сè повеќе и повеќе.

 

Leave a Reply