Волшебните пејзажи на Санторини го прават овој остров уникатен во светот, па затоа не е ни чудо што туристите од целиот свет сакаат да го посетат.
Сонот за илјадници туристи од целиот свет е да имаат совршена фотографија токму на Санторини.
И Грците го знаат тоа исто така, затоа направија профитабилен бизнис од фотографијата.
Да, можете да фотографирате на телефон, но ако сакате професионална фотографија, тогаш можете да платите професионален фотограф на секој агол. И воопшто не е ефтино!
Професионалните фотографии најмногу ги изнајмуваат Американците, а според каталогот, 4 часа услуга за фотограф чини дури 800 евра (без ДДВ), а за тие пари добивате 160 фотографии од четирите најатрактивни локации кои нудат најубав поглед.
Половина од времето и фотографиите се 450 долари, но туристите можат да изберат само две локации за сликање.
Најевтината услуга за фотограф чини 140 евра, а за тие пари ќе добиете 20 професионални фотографии од една локација затоа што „фотографот не може да потроши повеќе од половина час за вас“.
Според Прото Тема, фотографите се резервирани цело лето на свадби на странците и за туристички групи кои сакаат да го овековечат своето присуство на островот.
Фотографите ќе ве известат дека по е-пошта можете да платите со кредитна картичка, со што се зголемува сумата за 24 проценти, што ќе ве натера да плаќате во готово.