Шери Левер (67) од Англија е се, само не обична баба. Таа заработува како домино дама, жена која добива пари од клиентите за да ги понижува, навредува, посрамотува или да им нанесува физичка болка.
Пред шест години таа се раставила од мажот, што денеска и делува како одличен чекор. Работела на својот физички изглед и на крајот станала профеисонална домино која наплаќа 120 фунти за час.
– Студентскиот кредит го отплаќав работејќи како домино дама. Ми се допаѓаше се што има врска со „чудното“, рекла таа.
Loading...
Домино Софија, како ја нарекуваат мажите кои ги бараат нејзините услуги, смета дека годините не ја спречуваат во работата, а понижувала мажи од различни профили.
– Сум казнувала од келнер до хирург, вели опасната бабичка, додавајќи дека нема грижа на совест иако некои од нејзините клиенти биле женети мажи. Причината е тоа што, како што вели, со нив нема секс.
Со голед на тоа дека работата многу бргу и станала сериозна, а таа барата, Шери вложила во опремата. Меѓу другото, направила фетиш соба во која клиентите можат да останат, а внатре се наоѓа и метален кафез, бичеви и синџири.
– Еден клиент сакаше да го прошетам со синџир. Дури му фрлив и топче, а тој во исто време како куче започна да ја бара. Луѓето чудно не гледаат, но никој ништо не рече, веројатно им беше страв. Подоцна го заврзав и го натерав да јаде кучешка храна од чинија. Беше навистина забавно, раскажала Шери која се надева дека нејзинат априказна ќе охрабри и други жени да се посветат на оваа професија.