Проектот „ЕУ за чист воздух“ го трансформира квалитетот на воздухот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во изминатите две години интензивно работи на подобрување на квалитетот на воздухот преку проектот „ЕУ за чист воздух“, што се спроведува заедно со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги и Европската Унија.

 

 

Со вкупен буџет од 10 милиони евра, проектот е фокусиран на четирите најзагадени градови во земјата, меѓу кои и Куманово, а главната цел е замената на старите и нееколошки системи за греење во јавните институции.

Првите поголеми резултати станаа видливи уште во 2024 година, кога беа модернизирани системите за греење во Средното стручно училиште „Наце Буѓони“ и Ученичкиот дом „Проф. Мијалковиќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ќе одговара за обид за убиство: Со нож ја удрил жртвата во глава

 

 

Двата објекти добија нови инсталации на природен гас, што, според анализите, доведе до речиси целосно елиминирање на повеќе видови штетни емисии и значително намалување на трошоците за енергија. Од установите велат дека промените не само што носат почист воздух, туку создаваат и поквалитетни услови за работа и престој.

Во 2025 година проектот се прошири и во останатите делови од централното градско подрачје, каде модернизација беше изведена или е во тек кај седум дополнителни институции.

Меѓу нив се основните училишта „Толи Зордумис“ и „Браќа Миладиновци“, Музичкото училиште „Панче Пешев“, центрите за вработување и социјални работи, Основниот суд и СВР Куманово. Поголемиот дел од објектите веќе се приклучени на гасоводната мрежа и функционираат со новите системи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кик-боксерите на КБК „Куманово 2006“ ќе настапат на меѓународен турнир во Ниш

 

 

Проценките покажуваат дека со замената на застарените извори на греење, емисиите на ПМ2.5 честички ќе се намалат за околу 500 килограми годишно, а на ПМ10 за 850 килограми.

Старите котли на течно гориво се задржани како резервна опција, што дополнително ја зајакнува енергетската сигурност на установите.

Озеленувањето е уште една од компонентите на проектот, а во текот на изминатиот период во Куманово се засадени 1.815 нови дрвја.

 

 

Садниците се поставени на повеќе локации, а локалните власти велат дека со тоа се подобрува урбаната средина и се зголемува природната заштита од загадување.

Градоначалникот Максим Димитриевски на неколку акции истакна дека чистиот воздух мора да се третира како основно право на граѓаните, а не како привилегија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почнаа подготовките за Бадниковата поворка во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Како што најавуваат од Општината, активностите ќе продолжат и во 2026 година, со фокус на намалување на емисиите, модернизација на јавната инфраструктура и создавање позелен град.

Никола Ивановски