Проектили погодија танкер во близина на Катар

Сподели со своите пријатели

Танкер во близина на брегот на Катар бил погоден со два проектили, од кои едниот се уште не експлодирал и се наоѓа во моторниот простор на бродот, објави британската агенција за поморска безбедност UK Maritime Trade Operations (UKMTO).

Според нивните изјави, едниот проектил предизвикал пожар кој во меѓувреме е изгаснат, додека другиот се уште е во бродот.

Засега УКМТО не може да потврди од каде се испукани проектилите, а истрагата е во тек.

Трупот е оштетен, екипажот е безбеден

Претходно беше објавено дека танкерот бил погоден во близина на брегот на Доха, при што бил оштетен трупот на бродот над водената линија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ирански напад врз Израел, 14 лица повредени во близина на Тел Авив

И покрај штетите, сите членови на екипажот се безбедни и нема загадување на животната средина.

Надлежните служби ја продолжуваат истрагата за утврдување на околностите на нападот.

Нападите врз танкери продолжуваат

Инцидентот се случи еден ден откако танкер со околу два милиони барели нафта од Кувајт и Саудиска Арабија беше погоден од ирански беспилотно летало додека беше закотвен во близина на брегот на Дубаи.

Во тој напад избувнал пожар, кој подоцна бил изгаснат, а екипажот не е повреден.