Проектил погодил молдавски брод во близина на Одеса, двајца повредени

Сподели со своите пријатели

Двајца членови на екипажот на молдавскиот танкер се тешко повредени откако бродот денеска бил погоден со проектил во близина на украинското пристаниште Одеса, соопшти Молдавската поморска агенција.

„Штотуку слушнавме дека екипажот е спасен, но дека двајца членови се тешко повредени и дека се на пат кон болница“, изјави за Ројтерс Вадим Павалачи, заменик директор на поморската агенција.