Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја демантираше веста од руски извори дека Австрија одлучила да го плати рускиот гас во рубљи.
Веста дека Австрија одлучила во иднина да го плаќа рускиот гас во рубљи, а која ја објави една руска агенција, канцеларот ја опиша како „лажна вест на руската пропаганда“.
ТАС С објави дека Австрија во договор со нафтената компанија ОМВ ја донела одлуката рускиот гас во иднина да го плаќа во рубљи.
Бројни медиуми ја презедоа веста и известуваа за промената на ставот на официјална Виена.
Нехамер преку својот Твитер профил ја демантираше оваа информација.
„Пред дополнително да се рашират лажните вести за руската пропаганда. ОМВ ќе ги плаќа испораките на гас од Русија, се разбира, сепак во евра. Австрија целосно се придржува до заедничките санкции на ЕУ“, подвлече Нехамер.