Врховниот командант на украинската армија денеска изјави дека Русија ги концентрирала своите главни ударни сили на северот на областа Луганск и дека се обидува да нападне во девет правци истовремено.
Loading...
„Продолжуваат жестоките борби за регионот Луганск“, изјави Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили во онлајн обраќање, пренесува Ројтерс.
Според него, Русите во нападите користат воена авијација, ракетни системи и артилерија.