Продолжуваат студените и врнежливи пролетни денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди.

Loading...

На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната од 2 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд, но со послаб интензитет во споредба со вчера и завчера.

Минималната температура во утринските часови низ кумановско ќе изнесува три степени под нулата, а максималната дневна се очекува да се искачи до четири степени целизусови.

Loading...

 

 

Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина над 60км/ч.

Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.

Никола Ивановски

Leave a Reply