Продолжуваат мерките за субвенционирање на ранливи категории граѓани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово го продолжи повикот за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за ранливите категории граѓани.

Loading...

Како што информираше денеска раководителот на Секторот за спорт, култура, социјална заштита и заштита на деца, Александар Крстевски, рокот за аплицирање е продолжен за да се даде можност да аплицираат оние кои досега тоа не го сториле.

– Активноста субвенционирање на трошоци за комунални услуги, тоа е вода и депонирање на смет каде беа опфатени повеќе категории, меѓу кои стечајни работници, самохрани родители, згрижувачките семејства, деца со лица до 18 годишна возраст кои имале статус на деца без родители, лица со попреченост над 26 години и приматели на посебен додаток, рече тој.

 

 

Исплатата на овие средства беше паузирана во текот на предизборниот и изборниот процес, бидејќи според законските одредби тоа се смета за поткуп. Со завршување на изборите исплатата ќе продолжи, посочи Крстевски.

– Засаегнатите граѓани кои веќе ги поднеле барањата и ги исполнуваат условите ќе добијат позитивно решение, но исто така и оние граѓани кои досега не ги поднеле барањата, а ги исполнуваат условите ќе може да поднесат барања за категоризација на која припаѓаат и истите тоа може да го сторат до крајот на 2024 година. Бројот на опфатени корисници ќе биде се до искористување на опфатените средства кои се предвидени согласно мерката и програмата за социјална заштита во Општина Куманово, посочи тој.

Loading...

Според Крстевски проширена е и листата на категории лица од социјален ризик, со цел да им се помогне на што повеќе граѓани кои имаат потреба од помош.

– Утврдивме дека има потреба од проширување на категоријата лица од социјален ризик, па освен корисници на гарантирана минимална помош, тука се и лицата во социјална работа и многудетни семејства, лица со социјална сигурност на за стари лица, тука се дополнува и лица со интелектуална пореченост, лица со телесна попреченсот и потполно слепи лица, изјави Крстевски.

Од Буџетот на Општина Куманово за оваа мерка се предвидени вкупно 5,4 милиони денари и барањата може да се доставуваат до крајот на 2024 година.

– Сите граѓани имаат право на пристоен живот и мерки кои ќе допринесат за квалитетно секојдневние. Најранливите категории на граѓани на Општина Куманово треба да имаат посебна грижа и внимание која ќе ја добиваат од општината почитувајќи ги нивните примарни потреби, посочи раководителот Крстевски.

Повеќе информации засегнатите граѓани може да добијат во просториите на Општина Куманово, веб страницата kumanovo.gov.mk или на телефонскиот број 075 323 569 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Никола Ивановски