Продолжува врнежливото време, наместа со грмежи и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд проследени со грмотевици, особено во попладневните часови.

Температурата низ кумановско денеска ќе се движи од 12 степени во утринските часови до максимални 25 степени целзиусови во текот на денот.

 

 

Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Loading...

На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Локално во следните денови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Температурата нема значително да се менува.

Никола Ивановски

Leave a Reply