Продолжува судскиот процес за „Диво насеље“

Сподели со своите пријатели

Во салата на Врховниот суд денеска треба да продолжи судскиот процес за предметот „Диво насеље“, откако минатото рочиште беше одложено.

Судскиот совет ќе истражува дали имало прекршувања од страна на вработените во Врховниот суд поради што последното рочиште беше одложено. До сега само за три одложени рочишта потрошени се над 120 илјади евра со оглед на фактот дека се ангажира огромен број специјалци, транспорт на затворениците, но и обезбедување од воздух со два хеликоптери.

Како што објави порталот, ТВ21, според калкулациите од март годинава за тогашната група на 29 обвинети од „Диво Насеље“ за едно рочиште дневно се трошеле 2.452.000 денари или безмалку 40.000 евра.