Продолжува сончевото и топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 30 степени.

Според УХМР, во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде без позначителни промени.

Leave a Reply