Продолжува серијата влажни воздушни бранови

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови, а во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен источен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме облачно време со врнежи од снег и налети на ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 2 степени, а слично време со врнежи од дожд ќе продолжи и во текот на ноќта кога температурата на воздухот ќе се спушти до -4 степени целзиусови.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекува да бидат во јужните и југоисточните делови од земјава.

Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег. Од петок се очекува стабилно и суво време.