Продолжува реконструкцијата на СОУ „Перо Наков“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е поставување на ограда во училишниот двор на Средното општинско училиште „Перо Наков” во Куманово, како дел од големата реконструкција.

Loading...

– Поставени се нови ПВЦ врати на училиштето, а претходно беа поставени и нови ПВЦ прозорци, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Во тек е поставување на нова енергетска фасада на училишниот објект и замена на врати во внатрешниот дел.

Реконструкцијата на фасадата се спроведува согласно потпишаниот договор помеѓу Министерството за образование и наука, општина Куманово односно секторот за образование и училиштето во рамки на проектот на МОН „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Секоја осма жена во светот заболува од рак на дојка, скринингот е многу важен (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Претходно, во училиштето заврши партерното уредување на целиот училишен простор, со средства обезбедени од општината во вредност од 1.979. 947 илјади денари.

 

 

Со пари од општината беше замената надворешната и внатрешната столарија на 54 училници, кабинети канцеларии, тоалети, во училиштето, проект кој е финансиран од општината.

 

Loading...

 

Средното општинско училиште „Перо Наков“ Куманово доби столчиња, маси, компјутери и Смарт табли за потребите на учениците од двата објекти.

 

 

Учениците кои следат настава во централниот и дисперзираниот објект добија 200 столчиња, 100 клупи, како и 97 компјутери и седум Смарт табли за опремување и модернизација на кабинетите по информатика. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Населбата Карпош и низа кумановски села во вторник без струја

 

Loading...

 

Настава во СОУ „Перо Наков“ следат околу 800 ученици на македонски и албански наставен јазик.

 

Никола Ивановски

Loading...