Општина Куманово информира дека во наредниот период започнува нова фаза од реконструкцијата на улицата „Моша Пијаде“, при што ќе се реализираат подготвителни и градежни работи за изградба на атмосферска канализациона мрежа.
Според најавата, работите ќе се одвиваат на дел од улицата „Моша Пијаде“, на потегот од кружниот тек кај крстосницата со улиците „3 Македонска ударна бригада“ и „Октомвриска револуција“, па сѐ до крстосницата со улицата „Пиринска Македонија“.
Градежни активности се предвидени и на улицата означена како „100“ во планската документација, која ги поврзува „Моша Пијаде“ и „Октомвриска револуција“.
Од Општината посочуваат дека за време на изведбата на работите, сообраќајот во овој дел од градот ќе се одвива отежнато, при што ќе биде дозволено движење само за возила на резиденти.
Надлежните апелираат до граѓаните за разбирање и трпение, со цел градежните активности да се реализираат во предвидениот рок и без дополнителни одложувања.
Никола Ивановски

