Продолжува разгледувањето на приговорите, пред ДИК цела ноќ митингување

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија денеска на пладне треба да ги продолжи разгледувањата на приговорите кои ги достави СДСМ за изборни нерегуларности, откако ноќеска во 03:30 часот беше прекината седницата.

Десет од вкупно поднесените приговори, од кои три на СДСМ и седум ан БЕСА, а во текот на денешниот ден треба да се разгледаат уште пет приговори кои ги поднесе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Тензично мина ноќта и во салата и пред зградата на „Нова Македонија“ каде стотици симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ скандираа против Албанците, додека нивните истакнати членови и функционери држеа говори како на митинг, упатуваа пораки да не им се краде победата и да не ги провоцираат затоа што анродот бил гневен.

Додека ДИК расправа по приговорите, а двет енајголеми партии се „фаќаат за врат“, лидерите на албанските партии се на средби во Албанија.

 

Loading...