Забраната за движење, односно полицискиот час, кој требаше да трае до денеска, останува на сила.
Ова вчера го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, информирајќи дека полицискиот час ќе продолжи да важи од 22 часот навечер до 05 часот наутро.
Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана. Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, стои во соопштението од министерството.
Во петок, министерот Филипле, рече дека не ја исклучува можноста, доколку досегашниот полициски час не даде резултати истиот да биде продолжен, а како дополнителна мерка што би следувала е намалување на работното време на угостителските објекти.
Никола Ивановски