Продолжува нестабилното време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за нестабилност во попладневните часови проследена со силни електрични празнења и пороен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 23 степени.

 

 

Како што додаваат од УХМР, до четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места претежно во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови попладне за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура ќе биде во пораст.

Loading...

 

Никола Ивановски