Продолжува изградбата на инфраструктурата во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово продолжува со реализација на инфраструктурните проекти во градот.

Во тек е асфалтирањето на улицата „2002“ со краци 1, 2 и 4, како и дел од улицата „Веселин Вујовски“, како дел од годишната програма за работа на општината.

Градоначалникот Максим Димитриевски изјави дека со овој проект се завршува последната фаза од планираните активности на терен.

– Претходно беше направена водоводна мрежа, канализациона мрежа, поставени ивичњаци, изградени тротоари, и дополнително сега оди последна фаза, а тоа е асфалтирање, рече тој.

Тој им порача на жителите да го користат со внимание она што општината го вложува и гради.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марко Трајковиќ од Театар Куманово освои награда за најдобра машка улога на ИФАД „Стоби“ (ФОТО)

– Само да им посакам на граѓаните да бидат живи и здрави и да го користат тоа што Општината го има инвестирано и направено и да го сочуваме секако, а ние ќе продолжиме да работиме во сите делови на градот како и овде, изјави Димитриевски.