Во текот на изминатата недела (06.11 – 13.12) бројот на нови случаи во Куманово е 63, а активни во Куманово се 175 случаи, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.
Вкупно 63 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела што е намалување ако се земе предвид дека неделата претходно бројот на нови случаи изнесувал 88.
Намалување се бележи и кај бројот на активни случаи, кои на минатонеделниот пресек биле 216, а денеска се 175.
Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле пет лица од Куманово и Липково, што е благо зголемување од неделата претходно, кога починале тројца пациенти.
Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во недела, вкупно 15.
Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 13.005 случаи позитивни на коронавирусот.
На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 219.408 случаи, од кои во моментот се активни 5.730. Оздравени се 205.946, а починати 7.732 пациенти.
Никола Ивановски
Извор: Министерство за здравство