Продолжува акцијата за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини

Сподели со своите пријатели

Акцијата за расчистување и отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини во Куманово продолжува и во наредниот период, во согласност со донесената Одлука за комунален ред од страна на Советот на Општината.

Надлежните институции информираат дека постапката за отстранување на ваквите возила е сложен процес, но се преземаат конкретни чекори за негово забрзување и поефикасна реализација, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на јавниот ред, особено во централното градско подрачје.

 

 

Во рамки на активностите е воспоставена координација меѓу Општина Куманово, СВР – Куманово, Отсекот за управни работи – ОУР Куманово, Секторот за инспекциски надзор – инспекторат, како и Секторот за комунални работи и инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште двајца кумановци возеле без дозвола, возилата им се одземени

Надлежните служби продолжуваат со информирање на јавноста за постапките за расчистување и отстранување на возилата кои подолг временски период се наоѓаат на јавни површини, паркинзи на јавни претпријатија, тротоари, како и во семејни дворови, со цел целосно решавање на проблемот во интерес на граѓаните.

Никола Ивановски