Кризната состојба на границите на Република Македонија се продолжува до јуни 2017 година, оваа одлука беше изгласана од страна на пратениците со 59 гласа за, поради зголемена безбедност на јужната граница, по најавите за можен нов мигрантски бран.
Против оваа одлука гласаше пратеничката група на ДУИ. Координаторот Талат Џафери смета дека по договорот помеѓу Европската унија и Турција во земјава е значително намален протокот на мигранти и бегалци и дека во следниот период нема потреба од издвојување на дополнителни буџетски средства за оваа намена.
Иако официјално балканската мигрантска рута е затворена од март годинава, сепак нелагалните премини на бегалците не запреа, а со тоа е зголемено и криумчарењето на мигрантите од страна на разни шверцери кои се обидуваат да профитираат од нивната мака.