Продолжен прекинот на телекомуникациите во Газа, отежната испораката на помошта

Сподели со своите пријатели

Континуираните прекини во комуникацијата, кои ги прекинаа интернет и телефонските врски, ја влошија ситуацијата во Појасот Газа, отежнувајќи ја испораката на помош и спасувачките операции.

Loading...

Прекинот се случи во четвртокот, а ОН соопштија дека поради отежната комуникација, нивото на глад во Газа е значително зголемено во последните денови, пренесува АП, пренесува Танјуг.

„Продолжува прекинот на интернет комуникациите, а според нашата евиденција ова е најдолгиот ваков инцидент“, изјави Алп Токер, директор на групата за пристап до Интернет NetBlocks.org.

Одделот за хуманитарни прашања на Обединетите нации објави дека комуникацијата со Газа е „сериозно прекината“ поради оштетување на телекомуникациските линии на југот на енклавата.