Продолжен полицискиот час во Киев: Не излегувајте надвор, ќе ве сметаме за непријатели

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави дека од сабота навечер ќе воведе полициски час, кој ќе трае од 17 до 08 часот.

– Заради поефикасна одбрана на главниот град и безбедност на неговите жители. Полицискиот час ќе трае до утрото на 28 февруари. Сите цивили на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантски и извидувачки групи. Ве молиме третирајте ја ситуацијата со разбирање и не излегувајте надвор – се наведува.