Услови за вака распространето и истовремено цветање на растенијата во просек се добиваат еднаш во десет години.
Околу 150.000 луѓе во март го посетиле градчето Борего Спрингс во американската држава Калифорнија, каде што оваа година било забележано реткото „супер-цветање“ на пустинските растенија.
Борего Спрингс, со околу 3.500 жители, се наоѓа на околу 135 километри североисточно од Сан Диего.
Во Калифорнија условите за вака распространето и истовремено цветање на растенијата во просек се добиваат еднаш во десет години. Во пустинската долина на истокот од Калифорнија, Долината на смртта, и минатата година големите количини на дожд и високата температура допринеле за појава на овој феномен.
Оваа година се очекува дека цветањето на пустинските растенија ќе трае до крајот на мај и дека ќе зафати различни делови од пустините во циклуси, во зависност од видовите на растенијата.
Loading...