Проблемот со затоплување на четирите основни училишта во текотк на вчерашниот ден веќе е надминат. Како што информираше раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Жика Крстевски ниските температури, но и проблеми со фирмата која требала да доставува редовно нафта го отежнуваат одвивањето на образовниот процес.
Според Крстевски, договорот на таа фирма е веќе истечен, склучен е нов договор на тендерска постапка, меѓутоа законската процедура предвидува и рок за жалба на втората фирма која се јавила на конкурсот, па се прават напори до среда да се надмине овој тежок период.
Вчера точно е дека имаше проблеми во четири основни училишта го надминавме тој проблем во попладневните часови меѓутоа сега се бориме за понеделник и вторник како да обезбедиме за уште тие два дена кои се клучни до отпочнување на испорака на новата фирма. Ова е предочено и на одделението за јавни набавки кое ги врши и ги обработува сите овие тендери да се воспостават такви односи со добавувачот на нафта за да немаме повеќе вакви исцрпувачки моменти и за дечињата кои седат во недоволно затоплени училници, ова е една исцрпувачка работа колку нафта ќе се донесе, дали ќе може нормално да се одвива образовниот процес така што имаме сознанија дека се работи за многу посериозна фирма и очекувам дека ќе го премостиме понеделник и вторник , така што од среда мислам дека имаме една нормална состојба и дека ова ќе биде тема која повеќе нема да биде дежурна на медиумите и да не трпиме критики и од родители и од наставен кадар и од сите оние кои оправдано се засегнати од она што се случува во образованието – изјави Крстевски.

