Ова е изум на Балканец, па кој му верува нека проба. Нема да изгуби ништо, а можеби сепак ќе успее да добие нешто.
Колку и да се трудиме да оставиме некои пари на страна, што би рекле нашите баби, „за црните денови“, тие секогаш некако се извиваат и повеќето ги бројат деновите до следната плата. Проблемот е што секој ден ни се појавуваат неодоливи понуди пред нос и сакаме-не сакаме стануваме вистински дел од потрошувачкото општество. Секогаш има нешто на што ќе ги потроши тие пари, макар и ситница, со помислата дека веќе има пресметка според која навистина ќе заштеди следниот месец… И така до недоглед.
Еден Балканец се обидел со најпластични можни примери да ни објасни дека секој може да заштеди 500 евра годишно користејќи го системот со три кутии. Ова е неговиот принцип, па кој му верува нека проба. Нема да изгуби ништо, а можеби сепак ќе успее да добие нешто.
Потребни ви се три кутии.
Купете пет евра веднаш штом ви пристигне платата. Тоа се околу 300 денари (кој може да си дозволи повеќе, на крајот ќе има повеќе). Ставете ги тие пари во првата кутија.
Секој ден во втората кутија ставајте по 50 денари (повторно, ако можете повеќе, тогаш заштедите се поголеми).
Во третата кутија ставете ситни пари од два, пет, десет или дваесет денари.
Тврди дека годишно може да се заштедат минимум 500 евра, не проверивме.
Доколку можете да го издржите овој принцип и да не вадите пари од кутијата кога и да ви требаат, кажете ни колку сте успеале да заштедите, пренесе Телеграф.рс.