Приведено лице во Крива Паланка по распишана централна потерница

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен жител на Крива Паланка е приведен, откако по него имало распишана централна потерница.

Loading...

– На 08.07.2021 во 20.10 часот на улицата „Св.Јоаким Осоговски“, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода П.Ц.(23) од Крива Паланка, кој се барал по распишана централна потерница, поради основано сомнение дека е извршител на „разбојништво.“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој е предаден во полициската станица за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply