Приведено лице од липковско за издржување казна затвор од три години

Сподели со своите пријатели

Шеесет и осумгодишен жител на липковското село Руница вчера бил приведен поради издржување затворска казна за дело „убиство во обид“.

Loading...

– Во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Kуманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.С.(68) од с.Руница, општина Липково, за издржување казна затвор од три години за извршено кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по член 123 став 1, во врска со член 19 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „К’шање“ за издржување на затворската казна.

Никола Ивановски

Leave a Reply