Приведено лице од Куманово по распишана централна потерница

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен, откако по него била распишана централна потерница за доиздржување казна затвор.

Loading...

Лицето е осудено дека извршуло критични дела разбојништво.

– На 12.11.2020 во 22.00 часот полициски службеници при СВР Куманово го привеле И.В.(47) од Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, за доиздржување на казна затвор од 1 година, 4 месеци и 7 дена, од вкупната затворска казна во траење од 9 години и 5 месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по чл.237, ст.4 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа во Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply