Приведени возачи од Куманово кои ноќва возеле пијани

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени во текот на изминатата ноќ поради возење под дејство на алкохол.

Loading...

Во првиот случај, како што информираат од МВР, приведен е 80-годишник кој возел со 1,72 промили алкохол во крвта.

– Денеска (28.06.2025) во 00.13 часот на ул.„100“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К.(80) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,72 промили алкохол во крвта, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заталкан куршум оштетил автомобил на булевар во Куманово

Во вториот случај половина час подоцна бил приведен четириесет и тригодишник.

– Исто така денеска во Куманово, но на бул. „Октомвриска револуција“ во 00.43 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Р.(43) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,67 промили алкохол во крвта, велат од полицијата.

Двајцата возачи веднаш биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица.

– По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пиротехника, облека, патики, клими, девизи... запленети на Табановце (ФОТО)

Никола Ивановски

Loading...