Три лица од Куманово биле приведени во текот на ноќта откако полицијата утврдила дека управуваат возило под дејство на алкохол.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи, во првиот случај приведен бил 23-годишник кој имал 1,58 промили.
– На 27.09.2025 во 02:15 часот на регионален пат во село Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, при што му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта, стои во соопштението.
На истиот пат, бил лишен и триесет и петгодишник кој имал високи 2,62 промили алкохол во крвта.
– Полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода и М.М.(35) од Куманово. Тој бил запрен со патничко моторно возило „пежо” и му биле измерени 2.62 промили алкохол во крвта, велат од полицијата.
Меѓу приведените во текот на ноќта бил и педесет и деветгодишник кој во населбата Перо Чичо возел со 1,74 промили.
– Исто така, на 27.09.2025 на улица „Ѓорче Петров” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода и Г.К. (59). Тој бил запрен со патничко моторно возило „цитроен” и му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта, велат од СВР Куманово.
По целосно документирање на настаните, како што стои во соопштението на кумановската полиција, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297 -а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски