Лажни ПЦР тестови биле причината поради која викендов тројца државјани на Србија биле приведени на Граничниот премин Табановце.
– На 06.11.2021 во 15.45 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници лишени се од слобода С.У.(50), С.Ш.(55) и М.Ј.(35), сите од Р.Србија, поради постоење основано сомнение дека поседуваат фалсификувани ПЦР тестови, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски