Три лица од Куманово изминатиот викенд биле уапсени во акција на полицијата при што биле откриени повеќе видови дрога и поголема сума пари.
-На 08.07.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.П.(29), Г.М.(42) и М.К.(24), сите од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што е посочено во соопштението, при претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски / фото: МВР