Три лица од Куманово биле приведени во текот на ноќта поради управување возило под дејство на алкохол.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи, во првиот случај приведен бил 40-годишник кој возел со 1,57 промили алкохол.
– На 12.09.2025 во 22:19 часот на магистрален пат А2 во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(40) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел”, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,57 промили алкохол во крвта, велат од полицијата.
Во вториот случај бил приведен 34-годишник кај кого биле регистрирани 1,54 промили алкохол во крвта.
– На 13.09.2025 во 01:39 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(34) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, тие сопреле возило „пежо”, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта, вели кумановската полиција.
Сепак рекордер бил 58-годишник приведен во населбата Карпош со 2,66 промили.
– На 13.09.2025 во 01:27 часот на улица „100″ во Куманово од слобода е лишен и Ј.Т.(58) од Куманово, за кој по оизвршени проверки констатирано е дека управувал возило “пежо” со 2.66 промили алкохол во организмот, стои во соопштението.
По целосно документирање на настаните, како што додаваат од СВР Куманово, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски